„Нека мојата смрт се сфати како одење во зона без сигнал“ – Почина Ведрана Рудан

Фото: Фејсбук

Почина Ведрана Рудан, хрватска писателка, новинарка и општествена критичарка. Почина на 76 години, а во 2024 година објави дека боледува од редок вид на канцер на жолчните канали.


Рудан дипломирала хрватски и германски јазик на Педагошката академија во Риека. Била наставничка, туристички водич, продавала сладолед, работела како новинарка за неколку хрватски весници. Работела како уредничка во Хрватското радио и била водителка на телевизиска емисија. Во 1991 година била отпуштена. Во 1993 година била вратена на работа со пресуда на првостепен суд, но набрзо самата си поднела оставка. Во јануари 2009 година била отпуштена од Нова ТВ.

Пишуваше кратко и остро. Членка е на Хрватското друштво на писатели.

Прочитајте исто така: Ведрана Рудан: Болките беа ужасни, сакав да умрам, но сега јадам, пијам, дишам – единствено сум загрижена дали е тоа сон или јаве?

Објавила дела кои се преведени на: англиски, унгарски, словенечки, полски, француски, италијански, руски и македонски јазик. Преведени се неколку книги во Русија, а во Америка имала неколку раскази и книги. Драматизирани претстави засновани на нејзините книги биле изведувани во: Риека, Загреб, Белград, Варшава, Лондон, Санта Моника, Будимпешта.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Во емисијта „Недељом у два“ ​​во март 2025 година таа откри дека боледува од редок вид рак. При крајот на емисијата, таа изјави: „Сакам да кажам дека има многу луѓе кои ме сакаат и јас ги сакам. И дека сум бесмртна. Нека мојата смрт се сфати како одење во зона без сигнал.“ Овој цитат беше искористен на нејзината официјална Фејсбук страница за да ја објави нејзината смрт.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ