Канал 77 – Вести од Македонија и светот | 10:00

▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:

Абази го спаси Филипче со предметот за модуларните болници, обвинува Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО ДПМН.
Ислам Абази го спаси Филипче откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од специалното јавно обвинителство,
со години го чува предметот во ФИОК.
Филипче е директно одговорен за поставување на модуларните болници и секако за се што се случило по тоа.
Филипче е директниот виновник за пожарот во Тетовската модуларна болница на 8. септември 2021. година.
Исто така, да не заборавиме и дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервуар на бензинска станица.


Хрватската влада предложи измени на законот за пазарот на електрична енергија, со који ке се забрани исклучување на струјата за ранливите потрошувачи и лицата погодени од енергетска сиромаштија.
Измените предвидуваат и добавувачите навреме да ги предупредуваат граѓаните за сголемена потрошувачка, да нудат флексибилни планови за отплата и информации за достапни субвенцији и финансиска помош.


САД воведува нови санкцији врз либанската милитантна група Хезболах,
включително и преименување на Хезболах како организација што действува во корист на иранската влада.
Министерството наведува дека Хезболах повторно е означен како субјект што му служи на иранскиот режим
под команда на силите КУЦ на Корпусот на Исламската Револуционерна Гарда.


За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА
 
Напомена: Веста е подготвена и продуцирана од новинарите на Канал 77, а текстуалната верзија е автоматски генерирана од радио-емитувањето со помош на технологија за препознавање говор и вештачка интелигенција. Поради автоматската транскрипција, можни се печатни, јазични или транскрипциски грешки.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ