„Брена не пипа ништо низ дома“ – Поранешната куќна помошничка одврза јазик за семејството Живојиновиќ

Поранешната куќна помошничка на Лепа Брена одлучи јавно да проговори за своето искуство работејќи во вилата на познатата пејачка на Бежаниска коса.

Како што истакнува, од таа куќа има само позитивни спомени, а за семејството Живојиновиќ има само пофални зборови.

-Во таа куќа бев почитувана максимално и навистина немам ниту еден лош збор да кажам. Сите се прекрасни луѓе, полни со разбирање и топлина. Од првиот ден почувствував почит и некоја посебна енергија, поради што беше задоволство да работам во таква средина – започна таа за Информер.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Како што понатаму наведува, атмосферата во домот била семејна. Таа откри и еден интересен детаљ од секојдневниот живот на едно познато семејство.

-Брена не ги сака домашните работи, искрено, не допира ништо низ куќата. А реално, што би – жената работела, заработувала и создавала целиот свој живот, па затоа е сосема природно денес да ужива. Кујната е претежно територија на Боба, тој е задолжен за готвењето и одлично ја извршува таа улога – рече таа со насмевка.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ