Дизелот надмина 100 денари, четврто поскапување, четврт удар по џеб, велат од СДСМ

Секоја најавена „мерка” на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување, велат од СДСМ, чие соопштение ви го пренсуваме во целост:

-Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспортот, услугите.

Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија.

Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на граѓаните на бензинските пумпи.

Кога поскапува дизелот, поскапува транспортот, растат трошоците за производство и дистрибуција. Следува поскапување на храната и другите производи што граѓаните ги купуваат секој ден.

Затоа ова не е само проблем на возачите туку удар врз буџетот на секое македонско семејство.

Прескапа цената плаќаат граѓаните од својот цеб затоа што а Владата на Мицкоски нема ниту решение, ниту мерка за заштита на стандардот на граѓаните.

Граѓаните скапо ги чинат неспособноста и промашувањата на Христијан Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ