Крива Паланка вчеравечер живееше една од оние ноќи што не завршуваат со последната песна, туку остануваат да се паметат. Илјадници луѓе, преполн Градски стадион, музика и моќна енергија ја создадоа сликата на една незаборавна ноќ. На големата сцена, Слаткар, Лепа Брена и Ацо Пејовиќ приредија музички спектакл исполнет со хитови, емоции и атмосфера што долго ќе се памети.
Од предизвикот што го донесе невремето до спектакуларната завршница, Крива Паланка покажа подготвеност, организација и гостопримство, пречекувајќи голем број посетители од земјава и регионот.

„По сè што поминавме во изминатите два дена, оваа слика вреди повеќе од илјада зборови. Најважно беше сите услови да бидат безбедни, а потоа Крива Паланка да го добие настанот што го заслужува. Благодарам на публиката за трпението, довербата и прекрасната енергија. Крива Паланка покажа дека знае да биде вистински домаќин“, изјави градоначалникот Сашко Митовски.
Фото: Општина Крива Паланка




