„Сфатив дека дојде моментот“ – Меси стави крај на репрезентативната кариера

Фото: Јутјуб

 Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 39-годишниот Лионел Меси објави денеска на Инстаграм дека се збогува со дресот на аргентинската репрезентацијата за која дебитираше пред 21 година.

Меси обелодени дека одлуката ја донел два дена по финалниот натпревар на неодамнешното Светско првенство и оти добил дефинитивна потврда дека е време да си замине од репрезентацијата кога неговиот татко Хорхе, кој беше негов најголем поддржувач во текот на целата негова фудбалска кариера, почина на 8 август.

Прочитајте исто така: (Видео) Ова ми е последно Светско, им рекол Меси на соиграчите

„По долго размислување, сакам да им кажам на сите дека се повлекувам од репрезентацијата. Тоа беше одлука што многу ме болеше и сè уште ќе ме боли во душата некое време, но сфатив дека дојде моментот, објави легендарниот аргентински фудбалер.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Меси се повлекува од аргентинската репрезентација како рекордер според бројот на одиграни натпревари (207) и постигнати голови (125).

Прочитајте исто така: „Не знам што ќе правам без тебе, како да продолжам понатаму“ – Емотивно простувње на Меси од татко му

Меси го постигна својот најголем успех со Аргентина во 2022 година кога го освои Светското првенство, додека ова лето беше дел од репрезентацијата која загуби во мундијалското финалето од Шпанија со 0-1. Меси ја предводеше Аргентина и до титулата на Копа Америка во 2021 и 2024 година.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ