Хаос! Арабија ја прекина испораката на нафта до европските клиенти, нафтата скокна

Фото: Фрипик

Саудиска Арабија намали или целосно прекина испораки на нафта до европските клиенти откакои во напад со дрон е оштетен нејзин клучен нафтоводс Исток-Запад кон Црвеното Море. Ријад ги обвини хутите за нападот и поради тоа откажани се испораки на товари планирани за овој месец додека утоварот на нафта во црвеноморското пристаниште Јанбу е целосно прекинат.
Клиентите во Европа се поттикнати да бараат алтернативни решенија бидејќи цената на нафтата утрово е 122 долари за барел. 

Саудиска Арабија ги информирала европските клиенти дека некои товари со сурова нафта за септември ќе бидат откажани.
Државната нафтена компанија „Сауди Арамко“ засега нема коментар.
Намалувањето на саудискиот проток низ Црвеното Море ќе ја поттикне Саудиска Арабија да се обиде да извезе повеќе нафта преку Ормутскиот теснец користејќи таканаречени темни испоораки слични на оние што веќе ги користат Обединетите Арапски Емирати и Ирак, велат трговски извори.

Таквите пратки им овозможија на производителите на нафта од Заливот да извезуваат од 7 милиони до 9 милиони барели дневно, што е 30% до 40% од обемот пред војната.

Дополнителен притисок врз глобалниот пазар создава фактот што Иран претходно ја затвори стратешката Ормуска Теснина како одговор на американското бомбардирање. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ