На 50 метри од копно пронајдено телото на скопјанцот кој исчезна во Охридско Езеро

Фото: МВР

Мажот од Скопје кој исчезна во водите на Охридско Езеро е пронајден мртов.

-На 15.09.2026 во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското езеро, пронајден е починат З.С. (68) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Инаку, на 14.09.2026 во 18:10 часот во СВР Охрид, З.С. (68) од Скопје за исчезнат го пријави неговиот син Б.С.(31) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид, информират од СВР Охрид.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ