Член на комисијата за одлучување, а учествувал и во програмата – ДКСК отворен предмет за судир на интереси за Денот на независноста

Заменик претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Бесник Џемаили денеска изјави дека ДКСК отворила предмет за судир на интереси поврзан со лице кое, како што рече, се споменува во јавноста дека бил член на комисијата за одлучување, а воедно учествувал во програмата за одбележување на Денот на независноста.

Џемаили потврди дека ДКСК нема отворено предмет за анализа на трошење на финансиските средства од конкретната прослава.

– ДКСК од аспект на своите законски надлежности и како превентивно тело го следи случајот. Предмет за анализа за трошење финансиски средства за конретната прослава немаме отворено, но имаме отворено предмет за испитување во делот на судир на интереси, односно наводите дека едно лице што се споменува во јавноста било член на комисијата за одлучување и истовремено учествувал како изведувач во рамки на прославата. Сакам да потенцирам дека ДКСК ги следи реакциите на јавноста и барањето за транспарентност при трошење на народните пари. Случајот се разгледува и исто така ги следиме написите во јавноста. Веруваме дека и другите истражни органи го следат случајот и доколку ценат дека има одредени незаконитости може да отворат постапки согласно нивните надлежности, порача заменик претседателот на ДКСК Џемаили, кој во отсуство на претседателот Адем Чучуљ, претседаваше со денешната седница на ДКСК.

Членовите на ДКСК кои учествуваа на денешната редовна седница одлучија во регистерот на лобисти да запишат физичко лице кое ќе може да лобира во областа земјоделство, шумарство и водостопанство, сообраќајна инфраструктура, туризам и угостителство, урбанизам и градежништво.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ