САД со закон ќе ги штити домаќинствата од повисоки сметки за струја поради дата-центрите

Нов датацентар: Потреба за државата или скапа инвестиција без доволно корисници?

Трамп силно го поддржува развојот на дата-центрите и ги определува како клучни за американското лидерство во областа на вештачката интелигенција

Претставничкиот дом на САД усвои закон со кој се настојува да се спречи зголемувањето на трошоците за електрична енергија за домаќинствата поврзано со брзото ширење на центрите за податоци.

Агенцијата наведува дека ова е првпат Претставничкиот дом да иницира законодавство што директно се однесува на економските последици од растот на секторот на дата-центрите.

Претставничкиот дом во кој мнозинство имаат републиканците, гласаше со 417 гласа „за“ и три „против“ за Законот за заштита на корисниците на електрична енергија (Ratepayer Protection Act). Со него се бара државните регулаторни тела да разгледаат дали големите потрошувачи на електрична енергија, меѓу кои и дата-центрите, треба да ги преземат дополнителните трошоци за електроенергетската инфраструктура изградена за нивно снабдување.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Гласањето го става во преден план сложениот политички контекст околу брзото ширење на дата-центрите во САД, кои се клучна инфраструктура за развојот на вештачката интелигенција, но во исто време предизвикуваат загриженост поради растечката побарувачка на електрична енергија и можниот притисок врз сметките на домаќинствата.

Предлог-законот сега треба да биде разгледан во Сенатот за да продолжи законодавната постапка.

Претседателот Доналд Трамп силно го поддржува развојот на дата-центрите и ги определува како клучни за американското лидерство во областа на вештачката интелигенција. Претходно оваа недела тој изјави дека дата-центрите носат богатство за луѓето и сојузните држави, нарекувајќи ги „нафтата во следните 20 до 25 години“.

Прочитајте исто така: Нов датацентар: Потреба за државата или скапа инвестиција без доволно корисници?

Истовремено, конгресмени од двете партии се соочуваат со зголемена загриженост кај избирачите поради растот на трошоците за електрична енергија, поврзан со наглото зголемување на потрошувачката на електрична енергија во тој сектор. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ