„Македонски идол“, „Икс-фактор“, Евросонг и многу политика и забава на МТВ

Нови политички магазини, враќање на музичките натпревари „Македонски идол“ и „Икс-фактор“, на детската радиодрама, детскиот хор и враќање на Евросонг! Ова се дел од ноитетите на Македонската радио-телевизија (МТВ),што ќе следуваат нскоро, а освен тоа ќе има подкасти, додек третиот канал ќе биде комплетно со забавна програма.

Ова денес го презетираше Стојан Трпчевски, уредник на Првиот програмски сервис, заедно Зоран Мирчевски, кој е главен на забавниот канал и други уредници и ТВ-водители.

„Во информативниот дел направивме Централен дневник од еден час за да дадеме повеќе време на културата во земјава, која е дел од нашиот идентитет. Сите сме свесни дека доминираат настаните од земјата и од светот, но значително место мора да се одвои и за културата. А тука воспоставивме една врска со нашата дијаспора преку Агенцијата за иселеништво и секој што има желба од нашите иселеници во странство може да учествува волонтерски во дневникот на Македонската телевизија, едноставно да ја донесеме дијаспората повторно во нивната матична земја преку нивниот лик и глас“, рече Трпчевски.

​МТВ, покрј „360“, најавува уште три нови информативни емисии после главниот Дневник, а тоа се : ​„Без наслов“, ​„Со повод“ и „Надворешна“. ​Ќе ги подготвуваат познати лица од новинарскиот живот во земјава и ќе учествуваат новинари кои ќе дебатираат на општествени теми.

„За викендите планираме друг тип забава ‘Женски муабети’ и ‘Напладне’, како и возобновување на фестивалите за големи и мали кои се високо на агендата на јавниот сервис. Секоја генерација бара нешто ново. Тоа ново што го гледаме во светски рамки се подкастите. Ќе ги има и попладне и навечер во етерот на Првиот програмски сервис. За нив се ангажирани познати водители во јавноста актери, музичари, новинари , како Пеце Суперхикс, Нора Шаќири, Ивана Кнез, Катерина Топалова… Гостите ќе бидат од различен профил и тоа што можеби го премолчуваат во јавните настапи на некои политички дебати, сега ќе имаат можност да го кажат поотворено и послободно, без задршка“, кажа уредникот.

Тој рече дека веќе се договорени три емисии, а се договараат уште неколку. Проектот „Пасворд се најавува како брза, динамична и забавна емисија во која натпреварувачите ќе се обидуваат преку асоцијации да стигнуваат до вистинските одговори.

„Нашата цел е ‘Пасворд’ да стане емисија која може да ја гледаат заедно деца, баби, дедовци, родители, затоа што телевизијата треба пред сѐ да поврзува“, кажа тој.

Водителките Александра Јовановска и Јана Бурческа повторија дека Македонија се враќа на Евровизија 2027 по пет години пауза, а дека начинот на избор на изведувач допрвин ќе се дефинира. Тие двете ќе го предводат евровизискиот тим, а за тоа кога и на кој начин ќе с бира нашиот евровизиски претставни рекоа ека се уште не е дефинирано. И двете рекоа дека не знаат колку котизација платила Македонија за учество во ова најголемо европско музичко натпреварување.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ