Краделе пари, злато, оружје и сеф од 400 килограми- Од кражби во тетовско „заработиле“ скоро 15 милиони денари

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 3 во врска со став 1 точка 2 и во врска со член 45 на Кривичниот законик.

-Четворицата подолг временски период – од април до септември годинава извршиле повеќе тешки кражби во села на подрачјето на Општина Боговиње, при што провалиле во над 10 куќи од каде одзеле пари, златен накит и разни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола. При една од кражбите во селото Палчиште успеале од домот на оштетениот да извлечат сеф тежок околу 400 килограми. Вкупната вредност на украдените предмети до овој момент се проценува на приближно 15.000.000 денари, информираат од ОЈО.

Јавниот обвинител интензивно постапува за обезбедување докази за сите настани. Во меѓувреме, по предлог на обвинителството, на двајца од осомничените им е определен краткотраен притвор од 48 часа до целосно обезбедување на доказите, додека по двајца се трага и ним притворот ќе им се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ