Мексиканец истепал полицаец во Ѓорче Петров, го удирал со лименка по глава

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

-На 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“, во паркот „Ѓорче Петров“, осомничениот телесно повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе, информираат од ОЈО.

Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ