Три лица починаа од маларија откако комарец влетал во авион што се упатувал кон Германија, додека најмалку шест вработени на аеродромот во Франкфурт се заразиле со смртоносната тропска болест.
Засега, не е јасно од каде доаѓаат сомнителните летови што придонеле за ширењето на болеста, објави Фокс њуз.
Третиот починат, жител на Шванхајм, град северно од аеродромот, почина неодамна. Во август, еден работник на аеродромот, исто така, почина од оваа болест. Ниту едно од овие две лица не патувало во област каде што маларијата е ендемска.
Друг жител на Германија, исто така, се заразил со маларија, која може да се добие само со каснување од заразен комарец и не може да се пренесе од човек на човек.
„Двете лица се заразиле со паразитот Пласмодиум фалципарум, кој предизвикува маларија, иако не патувале во област каде што маларијата е ендемска и не делувала на аеродромот“, рекоа градските власти.
Овој застрашувачки феномен, познат како „аеродромска маларија“, се јавува кога заразен комарец ќе се заглави во авион или во багаж, ќе се транспортира во област каде што нема маларија и ќе касне лице таму.
Во јули, аеродромските власти поставија стапици низ целиот комплекс за да спречат ширење на епидемија од маларија.
Германскиот институт „Роберт Кох“, агенцијата одговорна за контрола на болести и јавно здравје, соопшти дека вработените во аеродромот се разболеле откако се заразиле со маларија помеѓу 4 и 6 јули.
Вкупно шест вработени се заразиле со болеста, според компанијата „Фрапорт“, која управува со аеродромот во Франкфурт.
„Им обезбедивме сеопфатни информации на сите вработени и ги охрабруваме да се консултираат со лекар доколку почувствуваат какви било симптоми“, објави компанијата, пренерува телеграф.рс






