Дошла да се прости од мајка и, но во ковчегот била друга жена! Поради грешка на погребалната не можат да ја најдат покојната

Жена од Детроит бара одговори откако бил отворен ковчегот на нејзината покојна мајка и внатре била пронајдена друга жена.

Семејството сега се обидува да открие што се случило со останките, бидејќи погребалниот дом најавува внатрешна истрага, објавува ТМЗ.
Кимберли Мур неодамна почина во Мичиген, а нејзиното семејство, вклучувајќи ја и ќерката Бјанка, го организирале погребот според деталните упатства што ги оставила жената.

За време на подготовките, Бјанка отишла во погребалната компанија во Детроит, за да го види телото на мајката пред последното збогување.

Сепак, кога ковчегот бил отворен, таа сфатила дека лицето внатре не е нејзината мајка. Како што изјавила за локалните медиуми, не ја открила бизарната грешка гледајќи го лицето на починатата.

„Погледнав во нозете и не ја видов нејзината препознатлива бенка. Му реков на вработениот во компанијата: „Ова не е мојата мајка“, рече Бјанка.
Според неа, вработениот потоа ѝ рекол дека имало замена.

„Ме погледна и рече: „Веројатно ја кремирале твојата мајка пред една или две недели. Многу ми е жал“, рече Бјанка.

Сега семејството се обидува да утврди каде се наоѓаат пепелта и останките на Кимберли Мур. Бјанка, исто така, сака да се утврди идентитетот на жената чие тело беше пронајдено во ковчегот, за да може нејзиното семејство да ѝ оддаде почит и да ѝ даде соодветно испраќање.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ