Зошто мајката го изгуби плодот? Клековски ќе ги прверува ГАК, општите болници во Охрид и Струга, но и приватна болница

 Завршен е вонредниот инспекциски надзор на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во општите болници во Охрид и Струга и на Клиниката за гинекологија и акушерство за случајот со пациентката Љ.Ш. од Охрид, која пред да и заврши бременоста го загуби својот плод. Од страна на министерот за здравство Сашо Клековски побарано е да се провери работата на матичниот гинеколог и третманот во приватна здравствена установа.

Клековски денеска изјави дека извештајот ги покрива општите болници во Охрид и Струга и Клиниката за гинекологија и акушерство за периодот мај до септември.

– Увидот е направен и побарав да се провери работата на матичниот гинеколог пред пациентката да оди во болницата во Охрид. Има една изјава дека во овој период била и во една приватна здравствена установа и побарав да се изврши увид во тоа што е правено во таа болница за да имаме комплетна информација. Како и со претходниот случај сакам да оствариме контакт и со пациентката, бидејќи ова не треба да биде комуникација преку медиуми. Апелирам на малку трпение. До утре ќе го комплетираме извештајот и со матичниот гинеколог и со приватната здравствена установа, рече Клековски. 

Во врска со случајот со пациентката С.М. тој посочи дека стручниот надзор е завршен и утре на прес-конференција со докторите од стручниот надзор ќе ги презентираат резултатите. С.М. од Струмица по породување со царски рез во штипската болница останала неподвижна.

А што се случувало претходно објаснување даде самата жена, Љубица Шевроска, во објава на Фејсбук. Нејзиното обраќање до Министерство за здравство го пренсуваме во целост со нејзината Фејсбук објава:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ