Тринаесетгодишно момче почина откако беше избодено со нож за време на тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Чаир. Инцидентот се случил на почетокот на септември, пишува тетово1.мк.
Во инцидентот учествувале пет лица, од кои четворица биле малолетници, а едно возрасно лице. За време на тепачката биле употребени ножеви и бејзбол палки.
За жал, тринаесетгодишното момче не ги преживеало ударите што ги добило.






