Уништени 202 килограми небезбеден сладолед и мраз

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), согласно одредбите од Законот за безбеднсот на храната, од почетокот на јули до крајот на август спроведоа вонредни инспекциски контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби. Во два месеца реализирани се вкупно 560 инспекциски надзори кај оваа категорија оператори, за што се издадени  140 решенија за утврдени неусогласности.

-Изречени се и 45 парични казни во  вкупна вреднсот од 19 430 евра во денарска проиввредност. Како небезбедни нештетно се уништени 202 литри/килограми  сладолед и мраз. Со спроведените контроли утврдено е дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство. 64 од операторите немале направено анализи на сладолед/мраз, кај 20 утврдено е несоодветно означување на производите, а тројца набавувале мраз од  нерегистриран  добавувач. Со контролите затекнати биле и вработени лица кај 10 оператори кои немале спроведени задолжителни здравствени прегледи. Незадоволителни хигиенски и технички услови утврдени биле кај 5 од контролираните објекти, а 19 оператори немале воспоставени процедури на Добра производствена и Добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите. Незадоволителни технички и хигиенски услови имало во 5 објекти, а записи за следливост немале 4 од операторите. Кај еден оператор утврдено било дека нема спроведено задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, информираат од АХВ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ