Лишен од слобода жител на радовишко Калаузлија, подметнал пожар во селото, следува пријава.
-На 24.09.2026 во 14:00 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода А.А.(68) од истото село. Тој се сомничи дека околу 12:30 часот на место викано „Голема река“ во атар на село Калаузлија подметнал пожар кој зафатил нискостеблеста шума и сува трева. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Во Полициската станица Радовиш А.А го признал делото. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.





