Кралицата на поп-музиката Мадона (68) настапи синоќа на доделувањето на наградите MTV VMA и освои седум награди, вклучувајќи ја и наградата за „танц на годината“.
Иако нејзиниот настап со популарната пејачка и танчери доби овации, нејзиното појавување на сцената за да ја подигне наградата предизвика загриженост кај обожавателите.
Чарли Екс-Си-Екс и Трој Сиван ја поканија да им се придружи на сцената за да ја примат наградата за документарецот “Confessions II – The Film “, но нејзиниот говор ги збуни сите кога праша:
„Не разбирам, за што е оваа награда?“. „Дали е ова за краток филм“, праша Мадона, по што пејачката Чарли го отвори пликот за да ја потсети.
Ова е прво враќање на Мадона на сцената на МТВ по 23 години, кога ја бакна Бритни Спирс за време на настап.



