Водителот Миро Кацров денес на прес дружење во „Интермецо“ ја најави втората сезона од ТВ проект „Вечер по 8“. Првата епизода на „Вечер по 8“ од новата сезона на музабавно-музичкото ток шоу стартува на Алфа ТВ оваа сабота, 3-ти октомври во 20 часот.
Миро на средбата со новинарите зборуваше и за сопствениот „пат до успехот“ за да дојде до она што денес го краси во неговото забавно-музичко ток шоу – ТВ проектот „Вечер по 8“.
Ја најави старо-новата екипа во шоуто, а тоа се музичките соработници од „Либеро бенд“, на на Миро ќе му помага, манекенката Ангелина од модното студио „Макмоделс“.
Миро ги откри и потешкотиите и проблемите со кои се судира продукцијата во подготвувањето на едно вакво шоу заради малата домашна естрада и карактерот на поедини естрадни ѕвезди, но и за изненадувањата во новата сезона на шоуто. Но, изненадувњата гледачите ќе може да ги гледаат во секоја нова емисија.




