Две познати лица, две препознатливи енергии и една заедничка приказна која наскоро ќе биде раскажана и пред домашната публика, и тоа низ музика и поезија. Марко Милошевиќ и Борис Режак со проектот „Поезија и песни за животот” пристигнуваат со три концерти во три града – Битола, Скопје и Охрид.
Една сцена, двајца уметници и безброј емоции. „Поезија и песни за животот” е вечер во која стиховите и музиката се среќаваат таму каде што зборовите понекогаш не се доволни. Средба во која песните и стиховите отвораат простор за емоции, сеќавања и лични приказни, а публиката станува дел од таа заедничка атмосфера.
Првата средба со публиката е закажана за 15 октомври во Центарот за култура во Битола, следниот ден, 16 октомври, Марко Милошевиќ и Борис Режак ќе настапат во Македонската филхармонија во Скопје, а на 17 октомври ќе гостуваат во Центарот за култура „Глигор Прличев” во Охрид.
Три града, три сцени, три вечери – една приказна која се раскажува со стихови, песни и емоции. Ова ќе бидат вечери што не се објаснуваат. Вечери што се чувствуваат.
Билетите се пуштени во продажба преку мрежата на e-ticket.





