Вечер дуел Македонија- Словенија

Фото: ФФМ

 Македонската фудбалска репрезентација на вечерашниот дуел ќе има осум нови имиња во стартните 11 во однос на претходниот дуел со Швајцарија. Селекторот Гоце Седлоски се реши натпреварот со Словенија на стадионот „Стожице“ да го почне со следниот состав: Димитриевски – Стојчевски, Младеновски, Мелиќи, Аломеровиќ – Атанасов, Гаштаров – Митровски, Елези, Елмас – Омерагиќ.

На клупата за резерви остана капитенот Енис Барди, а во однос на дуелот со Швајцарија во стартните 11 останаа голманот Димитриевски, Елмас и Гаштаров.

Македонските фудбалери на овој дуел ќе имаат и поддршка од македонските фанови, кои во попладневните часови ги има во Љубљана и во фан зоната од каде заеднички ќе заминат на стадионот „Стожице“.

Се очекува бројката на македонски навивачи да биде околу 1.000 особено што покрај оние кои допатуваа во Љубљана, бројни ќе бидат и Македонците кои живеат и работат во Словенија.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ