(Видео) Тепачка меѓу пилотите во авионот од Дубаи за Тел Авив

Фото: Јутјуб

Авион на „Флајдубаи“, кој полета од Дубаи за Израел беше пренасочен кон Саудиска Арабија откако испрати сигнал за итна помош поради тепачка помеѓу пилотите, а не поради киднапирање, изјави неименуван израелски функционер.

По првиот сигнал за итна помош, набрзо бил испратен и втор сигнал за незаконско попречување, а авионот беше пренасочен кон саудискиот аеродром Табук, над Јордан. Поради испратените сигнали за помош, Израел итно ги активираше воените авиони. 

Авионот безбедно слета во Табук, а ниту еден од патниците не е загрозен. И канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека инцидентот не е поврзан со киднапирање.

„Флајдубаи“ секојден лета помеѓу Тел Авив и Дубаи, популарна дестинација за израелските граѓани. Саудиска Арабија и Израел немаат воспоставено формални дипломатски односи, пренесува МИА

Споре изрелските медиуми пилотот бил од Русија, додека копилотот од Украина.

Според израелскиот портал „Маарив“, се покажало дека пилотот и копилотот на авионот се расправале и дека случајно го притиснале копчето за сигналот за помош и сигналот за сомневање за киднапирање, и, според него, инцидентот очигледно вклучувал прободување со нож.
Според податоците од апликациите за следење на авиони, авионот направил ненадејно спуштање од околу 15.000 стапки за минута, што е многу ненадејно спуштање, а во овој случај се истражуваат сомневања за обид за самоубиство од страна на еден од пилотите или намерен обид за соборување на авионот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ