Момче(17) од Скопје силувал девојче(15), па ја демнел и барал да му праќа експлицитни фотографии.
-На 29.09.2026 во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје, по претходна пријава од 40-годишна жена од Скопје, дека извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка од Скопје, а потоа ја демнел малолетничката и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информират од МВР.





