Македонскиот фестивал го слави идентитетот и културното наследство во Австралија


Со јасна и благородна визија за зачувување, негување и промоција на богатото културно наследство, Македонскиот фестивал продолжува да ја пишува својата успешна приказна.

Годинава, 14тото издание ќе се одржи во просториите на Plenty Valley Lions Club (2W Robinvale Ave, Thomastown), во Млбурн, со почеток од 11 часот.

Почна како благородна иницијатива за афирмација на македонската култура и традиција во Австралија, но овој настан низ годините прерасна во моќен глас кој ја пренесува вистината за нашиот народ и во цврст мост што ја зближува и обединува македонската заедница во Австралија.
Патот на успехот започна во Вилијамстаун во 2012 година. Оттогаш, како вистински културен караван, фестивалот ги прошета предградијата Саут Моранг, Футскрај, Алтона и Сиденхам, за повторно да се врати на своите почетоци во Вилијамстаун, а оваа година со гордост се подготвува да ги пречека посетителите во Томастаун.

Она што некогаш започна како скромен фестивал на храна, денес со право ја носи титулата најголем македонски традиционален фестивал во регионот.


-Главен столб и движечка сила на овој грандиозен настан се македонските фолклорни групи, како и спортските и социјалните клубови, чија безрезервна поддршка и огромна енергија ни даваат крилја да чекориме напред. Особено радува фактот што оваа година фестивалот добива нови засилувања од помладите генерации – млади луѓе кои полека, но сигурно, ја преземаат одговорноста и гарантираат дека македонскиот пламен ќе продолжи да гори. Дополнителен мотив и свежина оваа година носат и гостите директно од татковината Македонија, кои со својот ангажман ќе придонесат за автентична презентација на сè што е македонско.
Како доказ за неговиот социјален и обединувачки карактер, штандовите на фестивалот се целосно бесплатни за сите непрофитни организации кои се членки на коалицијата МАKO (MACO). Фестивалот останува отворен за сите кои со срце и душа работат за доброто на македонската заедница, влат од МАСО.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ