Нова истрага за газда Деко, а за два дена требаше да излезе од притвор

Обвинителството отвори нова истрага за Дејан Јовнов-Деко, газдата на дискотеката „Пулс“ и за него ќе се бара притвор, информираат од Кривичниот суд.

-Доцна попладнево до судот од обвинителстворо е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани и по истиот ќе се постапува во текот на утрешниот ден, велат од Обвинителство и додаваат:

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови. Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка за „Тешки дела против општата сигурност“, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО.

Со оглед на тоа што станува збор за гзд Деко, кој веќе е во притвор од ОЈО објаснуваат:

-Осомничениот до сега беше обезбеден како обвинет во друга постапка. Но, со оглед на тоа што во однос на тоа дело истекуваат законските рокови за обезбедување, а јавниот обвинител од ОЈО ГОКК продолжува да прибира докази во однос на дејствијата на поткуп, тој процени дека ризиците за обезбедување на осомничениот се големи и побара да му биде определена притворска мерка. Јавното обвинителство оценува дека притворот е апсолутно неопходна мерка за обезбедување на присуството на овој осомничен, ценејќи ги сите околности и основи. Службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка за дејствија на примање поткуп, се вели во информацијата.

Газда Деко тебаше да излезе од притвор во сабота, но доколку се прифати барањето тој, сепак, и понатаму ќе остане во притвор.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ