Упсени дилери на дрога во Гевгелија и Охрид

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица, додека пронајден е кокаин кај 23-годишник од Охрид.

-На 01.10.2026 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Т.(26) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и бела грутчеста материја, 30 таблети и други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја. При преземање на службени дејствија, во близина на домот на И.Т. биле затекнати С.Џ.К.(19) и Х.А.(25), двајцата од Гевгелија, а при преглед кај нив, кај С.Џ.К. било пронајдено пакување со марихуана, по што и тие се лишени од слобода. За настаните е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР и додаваат: .

-Денеска (02.10.2026), мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во 00:15 часот, на локалниот пат во село Радолишта, струшко извршил преглед над лицето Е.М.(23) од Охрид, при што биле пронајдени неколку паковки со кокаин. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга. Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се вели во информацијта од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ