Проневера на 80 милиони денари! Акција за финансиски криминал, уапсени две лица

Во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, спроведуваат претреси на дом и лица на повеќе локации.

-Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на кривични дела од областа на финансискиот криминал за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери и со кои се проневерени буџетски средства во износ од речиси 80 милиони денари. Во рамки на акцијата, а во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лишени од слобода се две лица, информираат од Финасиска полиција..

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ