Бојана Скендеровски по Скопје, Штип и Тетово следната концертна дружба со публиката ја закажа во Битола. На 30 октомври, со почеток во 20 часот, Бојана ќе настапи во Центарот за култура, каде што битолската публика ќе има можност да ужива во нејзиниот препознатлив музички израз и песните што низ годините станаа дел од нејзината музичка приказна.
Концертите во различни градови се можност за Бојана повторно да се сретне со публиката, но и секоја средба да биде поинаква, со своја атмосфера, емоција и моменти кои остануваат како спомен. По успешните дружења во Скопје, Штип и Тетово, сега на ред е Битола и уште една вечер во која музиката ќе биде повод за средба со публиката.
За Бојана, Битола е град за кој ја врзуваат убави спомени, но и публика со која, како што вели, секогаш ужива да се дружи.
„Секогаш со посебна радост се враќам во Битола. Со овој град и со битолската публика ме врзуваат убави спомени и многу драги моменти. Од секоја наша дружба носам убави мисли и спомени кои остануваат со мене. Верувам дека и овојпат ќе имаме вечер исполнета со многу музика, емоции и добра енергија“, вели Бојана, упатувајќи уште еднаш покана до битолчани на 30 октомври да бидат дел од оваа музичка дружба во Центарот за култура.
Концертот е закажан на 30 октомври во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот. Влезниците се пуштени во продажба, и тоа на продажните места на Димпо Тобако.







