Лишен од слобода крадец во Скопје, се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди, следува соодветна пријава
-Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Ѓ.П.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди. Тој се сомничи дека кривичните дела ги сторил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава, информират од МВР.





