Во Македонија има кој да работи, над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Фото: Фрипик

Македонија е над европскиот просек според процентот на работоспособно население. Во земјава 59,5% од населението е на работоспособна возраст (лица од 20 до 64 години), додека во ЕУ тие сочинуваат 58,3% од популацијата, покажуваат податоците на Евростат.

Највисок процент на работоспосообни граѓани меѓу осумте плански региони во Македонија има во Полошкиот 61,6%, а најмал во Скопскиот 58,3%.

Во ЕУ, пак, бројот на луѓе на работоспособна возраст е најголем во 22 региони во Германија 63,0%, како и во неколку региони во Данска и на островските региони во Шпанија. 

Спротивно на тоа, во 189 региони во ЕУ, населението на работоспособна возраст сочинува помалку од 55,0% од вкупната популација.

Овие региони главно се рурални, вклучувајќи ги внатрешноста на Португалија, големи делови од рурална Франција, поголемиот дел од источна Германија и руралните територии во Бугарија, Грција и нордиските земји. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ