Канал 77 – Вести од Македонија и светот | 18:00

▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:

Сипаниците ги опустошиа македонските стада, угинаа над 10.000 грловци, додека се разгледуваат модели за обештетување, од Европската Унија пристигнаа 450.000 вакцини, сообщи Министерот за земјодолство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.
До сега приближно околу 10.000 грла се оништени, за кое што е направена методологија и веќе е разговарано за моделот за обештетување на самите сточари, инако согласно правилата кои што се во Агенцијата за храна и ветеринарство, на истото место, најмалку 6 месеци нема да може да се повторно чува добиток, така да ние ќе гледаме максимално што ќе можеме да извршиме исплата према сточарите, за да може да се подготват за повторно набавување на грла.


Геополитичкиот аналитичар Емил Кириас оцени дека Северна Македонија не е подготвена за почеток на преговорите со Европската Унија.
Според него, неголемата пречка не се ветата, туку неисполнетите обврски во владењето на правото и борбата против корупцијата.
Кириас нагласува дека без резултати во кластерот темели, земјата не може да се надева на фазна интеграција во Унијата.


Цената на нафтата Брен денеска надмина 102 долари за барел на светските берзи.
Главни причини за овој скок се стравувањето од прекини во снабдувањето од Блискиот Исток
и влијањето на новиот ураган во Мексиканскиот залив.
Аналитичарите најавуваат период на голема неизвестност за енергетските пазари.


За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА
 
Напомена: Веста е подготвена и продуцирана од новинарите на Канал 77, а текстуалната верзија е автоматски генерирана од радио-емитувањето со помош на технологија за препознавање говор и вештачка интелигенција. Поради автоматската транскрипција, можни се печатни, јазични или транскрипциски грешки.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ