САД со пренос во живо ќе ја прикажат смртната казна со стрелање, вакво нешто немало од 1945 година

САД преку пренос во живо ќе го прикажат извршувањето на смртната казна со стрелање врз Нидал Хасан, закажано за 3 декември, соопшти претставник на Пентагон.

Хасан во ноември 2009 година застрела 13 лица во напад извршен во воената база Форт Худ во Тексас, каде работел како воен психијатар.

Тој ќе биде првиот осуденик што ќе биде стрелан во САД од 1945 година.

Неименуваниот претставник на Пентагон не даде дополнителни информации, туку најави дека деталите ќе бидат објавени подоцна. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ