Девојче и нејзиното едногодишно братче беа пронајдени пред пет години во стан три дена по смртта на нивните родители, во случај што ја потресе локалната заедница во Русија.
Според роднините, Александар и Викторија Јакунин не се јавувале на телефон неколку дена, што го навело семејството да се посомнева дека нешто не е во ред. Кога роднините успеале да контактираат со станот, на повикот се јавило петгодишно девојче, кое рекло дека мама и тато „заспале и не станале долго време“, а дека таткото „ја променил бојата“. Во меѓувреме, таа се грижела за својот помлад брат.
Случајот бил веднаш пријавен, а сестрата на Александар, Наталија, пристигнала во станот и затекнала морничава сцена. По пристигнувањето на полицијата и службите за итни случаи, било потврдено дека родителите починале, а причината за смртта била утврдена како труење.
Истрагата покажала дека неколку дена претходно јаделе домашни кисели краставички што ги добиле од нивната баба, а се сомнева дека ботулинскиот токсин го предизвикал фаталното труење. Оваа супстанца може да доведе до парализа и респираторна инсуфициенција.
Потоа дедото ја превземал грижата за двете деца, пренесува ало.рс.







