Како се поделени милионите за организација на 35 години независност на Македонија?

Портпаролката на владата Марија Митева одржа прес конференција на која беа презентирани трошоците за прославата на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Според Митева финансиската структура треба да се разгледува во контекст на целокупната програма, односно сите 18 реализирани настани, нивната продукциска сложеност, бројот на ангажирани уметници, соработници, како и потребната инфраструктура за нивна реализација.

.-Потрошните финансиските средства се прикажани во пет основни категории. Првата категорија се хонорарите за артистите и изведувачите. Оваа категорија се однесува на уметничкиот сегмент на програмата и ангажираните артисти како изведувачи, и за кои се прикажани вкупно 129. 307 500 милиони денари. Втората категорија е продукцијата, за којашто се прикажани 96. 272 512 милиони денари. Тука се опфатени продукциските потреби за реализација на самата програма. Третата категорија се логистички трошоци. Организацијата на националната програма во 13 градови подразбира координација на бројни оперативни активности, транспорт, организациска, техничка поддршка, како и останатите логистички потреби, и овде се прикажани 58. 527 037 милиони денари. Четвртата категорија е маркетингот со прикажана вредност од 2. 832 450 милиони денари, и петтата категорија се хонорарите за соработниците за коишто се прикажани 53. 570 250 милиони денари. Вкупна вредност за сите пет категории изнесува 340. 509 749 милиони денари, рече Митева.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ