Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје 

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ.

Во продолжение интегралната изјава  на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски:

“Имаме богата и продуктивна агенда.   Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје – Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција.  Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар.   Зборувавме и за авионското поврзување и очекувам во многу кратко време да се потпише договор којшто ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица, со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат двата аеродроми.   Зборувавме за заеднички настап пред европските фондови и пред европските банки во делот на финансирањето, пред сè во делот на интелигентни транспортни системи и поврзување на коридорите, а зборувавме и за соработката помеѓу двете држави во делот на политиката и економијата.   Се враќаме дома со нова авиолинија, како и со убава вест дека автопатот којшто го градиме Скопје – Блаце ќе значи поврзување и со пристаништето Бар” – изјави Николоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ