▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:
Официјално започна изградпата на новата автопадска делница
од Букојчани до Кичево. Проектот чини 139 милиони евра
и е клучен дел од коридорот 8.
Истекна вице-премиерот и Министер за транспорт Александар Николоски.
Овие работи не се случајни. Ова е дел од визијата
која беше поставена во 2024 година, кога оваа влада беше формирана.
Ние решивме државата да ја развиваме како раскрсница
помеѓу двата паневропски коридори. Коридорот 8, на кој што се наоѓаме денес,
кој што води исток-запад, и коридорот 10, кој што води север-југ.
Македонија нема излез на море, но има уникатна географска локација,
која што со силни инвестиции во автопадите и железницата
треба да значи економски напредок за бројни генерации кои што доаѓаат после нас.
Македонското Министерство за Правда изрази сериозна загриженост поради приемот на Ива Михайлова на високо ниво во Софија,
иако против неја се уште е насила судска забрана.
Од Министерството порачуваат дека владењето на правото мора да важи за сите, без оглед на нивната националност или државјанство.
Повеќе од половина од македонските граѓани се чувствуваат задоволни од својот квалитет на живот.
Според истражувањето на агенцијата Market Vision,
точно 57% од испитаниците одговориле потврдно на ова прашање.
Анкетата опфати и мислење за прославата на 35 години независност,
каде 41% од граѓаните дале позитивна оценка за организацијата.
За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА
Напомена: Веста е подготвена и продуцирана од новинарите на Канал 77, а текстуалната верзија е автоматски генерирана од радио-емитувањето со помош на технологија за препознавање говор и вештачка интелигенција. Поради автоматската транскрипција, можни се печатни, јазични или транскрипциски грешки.







