Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.
-Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја, информираат од Црина и додаваат:
-Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, се вели во соопштението од Царина.







