Што очекувате, да ви кажат дека учествувале, рече Мицкоски по објавата дека Бугарија не учествувала во бегството на Михаилова

Ива Михајлова | Фото: Социјални мрежи на Ива Михајлова
Ива Михајлова | Фото: Социјални мрежи на Ива Михајлова

Случајот со пребеганата Ива Михаилова не стивнува. Денес премиерот Христијан Мицкоски беше прашан за тоа што може следно да направи Македонија, по информацијата дека Бугарија нема да ја екстрадира?

-Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода коордираните напади дека нешто било договорено. Имавме барање, потерница и очекуваме родителот, кој што е правосилно осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува својата невиност пред судот. Ние имаме алатки да се бориме на мегународна сцена, но овој неуспешен обид нанесе голема дипломатска штета на владата во Софија. Но, тоа е нивен проблем. Наш проблем е бегалецот и бегалката да ги изведеме пред лицето на правдата и ќе повторам дека кога-тогаш тоа ќе се случи.

По изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија, кој рече дека не учествувале во пребегувањето на Ива, Мицкоски рече:

-Што очекувате, да ви кажат дека учествувале? Ние имаме истрага и дозволете да ја завршиме. Потоа дел од доказите ќе ги презентираме пред нашите партнери во НАТО за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад вака нема да заврши. Нема да дозволиме да бидеме жртва на емотивни реакции и ќе продолжиме со процесот на евроинтеграции, нема да ги напуштиме преговорите, напротив ќе ги засилиме нашите барања, рече Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ