Колективна тужба против „Мета“ во Австралија поради штетно влијание на Фејсбук и Инстаграм врз децата

 Против компанијата „Мета“ во чија сопственост се Фејсбук и Инстаграм, е поднесена колективна тужба пред Федералниот суд на Австралија поради наводи дека нејзините платформи ги изложувале децата на штетни содржини и преку алгоритмите поттикнувале зависност од социјалните мрежи.

Тужбата овој месец ја поднела адвокатската фирма „МинтерЕлисон“ во име на осум тужители, кои тврдат дека „Мета“ им нанела штета додека биле помлади од 18 години и бараат отштета.

„Запознаени сме со овие тврдења и решително ќе се браниме“, изјавил портпаролот на „Мета“ во одговор испратен по електронска пошта.

Судот во понеделникот забранил објавување информации што би можеле да го откријат идентитетот на тужителите и содржината на тужбеното барање.

Тужбата е поднесена во период на зголемени тензии меѓу Австралија и големите технолошки компании, откако Австралија ја воведе првата светска забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Во подготовка се и нови правила што би можеле да им овозможат на корисниците да ги исклучат содржините што им се прикажуваат врз основа на алгоритми.

Во август „Мета“ се согласи да плати 18 милијарди долари во рамките на спогодба со речиси сите американски сојузни држави во врска со обвиненијата дека ги дизајнирала своите социјални мрежи на начин што предизвикува зависност кај децата. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ