Откако годинава ја бојкотираа „Евровизија“ поради учеството на Израел, две ќленки на ЕБУ – Шпанија и Словенија сè уште немаат донесено одлука дали следната година ќе учествуваат на манифестацијата во Бугарија.
Организаторот, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), соопшти дека јавните медиумски сервиси од 36 земји, ќе учествуваат на натпреварот кој ќе се одржи во мај 2027 година во Бургас, Бугарија.
Натпреварот ќе се одржи од 11 до 15 мај 2027 година во „Арена Бургас“, а пренос во живо ќе врши Бугарската национална телевизија (БНТ).
ЕБУ информираше дека по годинашниот бојкот, Ирска, Холандија и Исланд најавуваат уште еден, додека Словенија и Шпанија сè уште не го потврдиле своето учество, откако рокот за пријавување беше продолжен до декември.
На настанот за првпат ќе се појави Канада, а Македонија се враќа по четиригодишно отсуство. МИА







