Маж од Оризари возел пијан и со отврена врата, полицијата го привела.
-На 29.10.2026 во 00:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Оризари, кочанско. Тој управувал патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки во сообраќајот со отворена врата, а по преземени мерки полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,78 промили алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Штип.





