Масовна двојна наплата и никој не ги казнувал, рече Клековски кој ја иницирал истрагата и ќе го раскине договорот со „Санте“

Операција на очи еднаш услагата ја плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент. Двојната наплата се правела масовно.

Министерот за здравство, Сашо Клековски кажа дека опфатени се прекршоци од различни водиви но овој бил најмасовен. Одговорајќи на новинарско прашање Клековски рече дека токму тој бил иницијатор на истрагата бидејќи станувало збор за Здравствена установа која повеќе пати сторувала прекршоци, но не била казнувана.

-Значи, не е еднаш, двапати, трипати. Туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци да прифати да се раскине договорот со таа Здравствена установа за да се прекина ланецот на неказнивост. И истовремено побарав да се отвори истрага заедно со Секторот за контрола на Фондот за здравство кој напорно работеше да се завршат сите работи. Беа вклучени и други, беа вклучени и ДСЗИ и Агенцијата за лекови и други установи за од сите аспекти да се затвори истрагата. Благодарам на истрајноста на вработените во Министерството за внатрешни работи на завршената работа, рече Клековски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ