Матичар од Слупчане четири години издавал лажни изводи за наводно склучени бракови за странци

Фото: Јутјуб

Матичар од Слупчане четири години изготвувал лажни изводи за наводно склучени бракови за странци.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З.(66) од с. Слупчане, Општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа”. Во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 пријавениот, во својство на службено лице–матичар во Управа за водење на матични книги, месна заедница во с. Слупчане, внесувал невистинити податоци и изготвувал невистинити изводи за странски државјани, прикажувајќи дека наводно склучиле брак пред пријавениот, информираат од МВР

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ