Одложувањето на појдокот до пладне може да ве изглдни или, пак, да се сепрејадете. Нутриционистите предупредуваат дека оваа навика може да влијае врз апетитот, варењето и внесувањето на важни хранливи материи.
Кога првиот оброк се одложува предолго, може да предизвика силен глад, нервоза, вртоглавица и намалена концентрација. Во таква состојба почесто посегнуваме по брза храна, наместо да избереме балансиран оброк.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот често внесуваат повеќе храна подоцна во денот, што може да биде поврзано со зголемување на телесната тежина. Дополнително, пообилните ручеци, вечери и грицки можат да придонесат за поголем внес на калории, шеќери и заситени масти.
Појадокот е добра можност за внесување влакна, калциум, витамин Д и калиум. Јајцата, грчкиот јогурт, овошјето и интегралните житарки се меѓу намирниците кои можат да обезбедат важни хранливи материи.
Луѓето кои редовно го прескокнуваат првиот оброк често внесуваат помалку железо, калциум, фолати и витамини А, Ц и Д, а не секогаш успеваат да ги надоместат подоцна во текот на денот.
Утринскиот оброк може да го поттикне и дигестивниот систем. По јадењето се активира таканаречениот гастроколичен рефлекс, кој ги стимулира движењата на дебелото црево и придонесува за редовна столица. Овесот, кој е богат со влакна, и јогуртот со пробиотици се добар избор за поддршка на здравјето на цревата.
Иако не постои универзално правило, нутриционистите генерално препорачуваат првиот оброк да се консумира во рок од еден до два часа по будењето. Балансираниот појадок може да помогне во одржувањето на енергијата, концентрацијата и контролата на гладот во текот на денот.
Затоа, наместо постојано да го прескокнувате првиот оброк, обидете се да му дадете место во утринската рутина. Важно е да изберете хранлив оброк кој ќе ви обезбеди добар почеток на денот.




