Денес е 11.11 – Светскиот ден на самците (Singles’ Day) или денот кога е пожелно да се разгалите самите себе без грижа на совест.
Она што започна во 90-тите како тинејџерски бунт на неколку студенти во Кина кои сакаа да докажат дека „сингл“ животот е за славење, денес е глобален феномен. Најголемиот 24-часовен настан за онлајн и офлајн купување во светот, надминувајќи ги заедно „Црн петок“ (Black Friday) и „Сајбер понеделник“ (Cyber Monday).
Да си сингл во 2026 година одамна не значи дека седите дома со мачката и гледате тажни серии. Напротив, тоа е статус на слобода.
Според социолозите, Денот на самците веќе не е само за комерцијализација, туку и за промена на општествената перцепција. Во свет каде што сè поголем број млади луѓе свесно избираат да живеат сами и да се фокусираат на кариерата и личната среќа, овој ден служи како моќен потсетник дека да се биде сам не значи и да се биде осамен.
Психолозите, пак, велат дека популарноста на овој ден е одличен знак. Живееме во брзо време и често забораваме да си кажеме „браво“ на самите себе за сè што постигнуваме.
Но, без разлика дали сте во среќна врска, во комплициран статус или гордо си уживате во соло-животот – денес денот „Од мене за – мене!“ , почестете се со нешто убаво. Сте заслужиле!





