Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб 

Фото: Јутјуб

Бебе на возраст од 11 месеци е пронајдено живо во плиток гроб во шума во американската сојузна држава Јужна Каролина, откако минало приближно 24 часа закопано во кафез за кучиња, завиткано во пешкир – според проценките на полицијата, соопшти полицијата во Округот Лексингтон.

Бебето, по име Коа Шарп, исчезнало во понеделникот откако било оставено на чување кај својот татко – 25-годишниот Мајкл Комер, во домот на мајката на детето, извести Канцеларијата на шерифот. 

Како што  пренесува денеска „Гардијан“, откако било пријавено исчезнувањето на бебето, отпочнала опсежна потрага во којашто учествувале околу 100 луѓе. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ