Пеење, смеење и плачење – Марко Јанкетиќ во Скопје со претставата „Мрки, не ти раскажав“

Српскиот актер Марко Јанкетиќ на 25 ноември од 20 часот во Националната опера и балет ќе ја изведе мултимедијалната монодрама „Мрки, не ти раскажав“. Ова монодрам е посветена на неговиот покоен татко, познатиот српски актер Миша Јанкетиќ, но и во неа се содржани многу животни пораки, кои не се автобиографија.

Јанкетиќ одржа прес-конференција во Скопје, на која откри детали, но и зборуваше за личните мотиви за создавањето на оваа претстава.

„Претставата е мој начин да го кажам она што немав можност да му го кажам на мојот татко. Тоа е катарзично патување низ сеќавањата, а целата емоција на сцената ја надополнуваме со музика во живо, заедно со бендот кој е постојано со мене, гитарист, бас гитарист и тапанар. Тие се како уште еден лик во претставата. Претствата е жива и во комуникациј со публиката. Со еден збор пеење, смеење и плачење. “, рече Јанкетиќ.
Актерот најави дека публиката ја очекува емотивна приказна исполнета со семејни анегдоти и сеќавања.

„Имам посебна трема и возбуда пред настапот во Скопје. Македонската публика е позната по тоа што има истакнат сензибилитет и висок критериум за театар и музика. Очекува висок квалитет. Но, морам да признам дека досега не се случило да потфрлам“, рече актерот.

Режијата на претставата е на актерката Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, а сценскиот концепт обединува актерска игра, визуелни ефекти и музика во живо. Монодрамата досега се изведувала пред распродадени сали во Србија и Црна Гора.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ