- Дрво паднало врз автомобил во движење во битолската населба Ремо.
- Во Битола се измерени налети на ветерот до 54 километри на час.
- Во Тополчани ветерот достигнал 86 километри на час, според мерењата на УХМР.
Силниот ветер предизвикува проблеми низ Битола. Освен паднати дрвја и гранки, пријавени се и оштетувања на возила, а проблеми има и со стаклените врати на станбените згради.
За влакно била избегната трагедија во населбата Ремо, каде дрво паднало врз автомобил кој се движел по улицата. Според информациите, инцидентот поминал без потешки последици.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Ветерот во Пелагонија достигнал 86 километри на час
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), јужниот ветер во Битола започнал да дува синоќа, а денеска достигнал брзина до 54 километри на час.
Уште посилни налети се регистрирани во Пелагонија. Кај мерната станица во Тополчани, синоќа ветерот дувал со брзина од 70 километри на час, додека денеска во 11 часот биле измерени налети од 86 километри на час.
Силните налети создаваат опасност од паѓање на дрвја, гранки и други предмети, поради што граѓаните треба да бидат внимателни при движењето на отворено и паркирањето на возилата.
Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА




